вторник , 26 септември 2017
mitko janchev kozuvcanka

Писмо од читател: Надлежните органи да го проверат “законското” работење во “Кожувчанка”

До редакцијата на РеволуционерМк пристигна писмо од жител на општина Кавадарци во кое ги повикува надлежните органи да влезат во компанијата Кожувчанка, во сопственост на Митко Јанчев со цел да ја проверат законитоста во работењето на фирмата. Во продолжение прочитајте го писмото интегрално:

“Се надевам дека ова мое писмо ќе биде објавено во вашиот медиум согласно вашите досегашни заложби за борба со криминалот и воспоставување на правично општество. Како жител на Кавадарци би сакал да посочам неколку работи околу функционирањето на газда Митко Јанчев (кој е во кумовско-кумашинска врска со Никола Тодоров, поранешниот министер за здравство), сопственик на компанијата Кожувчанка. Според некои локални информации Јанчев е еден од двајцата најбогата кавадарчани, заедно со Илија Гечев, сопственик на “ИГМ трејд”.

Во изминатите 11 години поточно во последните 5-6 години оваа компанија на доскорешната власт им служеше како привремено биро за вработување, се разбира без плаќање на придонеси кон вработените, па поради тоа повикувам надлежните да го проверат работењето изминатите години, начинот на пресметка на плати, дали се исплатени придонесите за ПИОМ, да се провери исто така и како земаат плата, дали таа се исплаќа на трансакциска сметка на вработените, согласно закон, дали се исплаќа на рака или некогаш тоа е комбинирано. Исто се поставува прашањето колку од вработените земаа од паричниот надоместок наренечен К-15, односно колку од вработените го задржаа истиот надомест, а колку го вратија. Колку од вработените се со непрекинат работен однос, а на колку од вработените работниот однос им е со прекин со цел да се избегне законот за исплата на К-15.

Се погласни се гласините за градоначалничкиот апетит на “газда” Мите по завршувањето на мандатот на Александар Панов со кого имаат одлична соработка и до сега. Она што е познато до сега за актуелниот градоначалник Панов и идниот кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчов е дека одлично соработуваат и функционираат со тендерските постапки околу одржувањето и чистењето на улиците на територијата на општина Кавадарци во снежни услови. Се споменува сума од 60.000 евра, која општината ги исплаќа на компанија контролирана од Митко Јанчов една зимска сезона.

Од богатото сопственичко CV на газда Мите, покрај стопанисувањето со кафе бар во Кавадарци, “Кожувчанка” важно е исто така и да го споменеме купувањето на дел од поранешниот хотел “Балкан”, каде што е планирано да се отвори диско.

Незнам колку е можно сега во овие услови со овој градоначалник да се испита исто така исплатата на водата која што ја полни компанијата “Кожувчанка”, односно како се полни, од каде се полни таа вода, и се разбира дали таа вода се плаќа.

Единствено нешто што сеуште е нејасно или јавноста не знае, што планира Јанчов да прави со од скоро купениот деловен простор во центарот на Скопје, односно дуќанот каде што беше сместен “Mc Donald’s”, дали можеби кметовскиот систем на функционирање ќе се пресели и во Скопје па здравје следствено на тоа можеби газда Мите ќе посака да стане и скопски градоначалник, се разбира потпирајќи се на кумско-кумашинската линија со Тодоров. Овај текст е само за почеток, во следниот период ќе испратам повеќе писма доколку наидете на разбирање и го објавите ова мое прво писмо.

P.S. Секогаш кандидатите за градоначалници во општините треба да бидат пример за граѓаните кои ги гласаат, во иднина ќе видеме каков пример ќе дава Јанчов од досегашното работење, а читателите нека му веруваат на “дедо”. ”

Б.Г.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …