петок , 22 септември 2017
mozart-540x320

Писмото на Моцарт продадено за 217.000 долари

mozart-540x320Писмото на композиторот Волфганг Амадеус Моцарт до неговиот пријател е продадено на уакција во Бостон за 217.000 долари.

Бостонската аукциска куќа ПП соопшти дека писмото на едната страна на германски јазик е упатено во 1786 година на ботничарот Николаус Џозеф фон Жакен, близок пријател на Моцарт.

Во писмото се бара од Жакен да испрати курир да врати три партитури „Квартет во Г мол, Соната во Еб и Ново трио во Г“.

Аукциската куќа не го наведе идентитетот на купувачот.

Директорот на аукциската куќа ПП рече дека писмата на Моцарт се меѓу најбараните работи кои ги купуваат колекционерите.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …