недела , 24 септември 2017
vanhojt

Питер Ванхауте со повик за совесност

vanhojt
Питер Ванхауте, меѓународниот посредник во преговорите за надминување на политичката криза во Република Македонија, во изминатите три дена покани претставници на организациите граѓанското општество, меѓународните организации и меѓународни експерти за избори и медиуми.

Така, во понеделникот, слушнавме колку интересна, толку и отрезнувачка презентација од Алан Уол (Allan Wall) од Меѓународната фондација за изборни системи за активната регистрација на гласачите. На вчерашната средба, Ричард Лапин, експерт од ОБСЕ/ОДИХР, говореше за препораките на ОДИХР за спроведување на изборите. Денеска говореше Ричард Бејли, новинар на Би-Би-Си, за принципите и стандардите според кои работи британскиот јавен сервис.

Денешната средба, медијаторот Ванхауте ја отвори со краток, но длабок и емотивен говор:
„Политичари, претставници на медиумите, членови на граѓанското општество, вие сте во срцето на демократијата. Вие сте носители на одговорноста за неа, да ја направите вистинска демократија. Демократија во која граѓаните меѓусебно се почитуваат, каде е дозволено тие да имаат различно мислење.

Вечерва, кога сите вие ќе се вратите дома, сите вие би требало да бидете во состојба да им дадете прегратка на своите љубени, да ги погледнете в очи вашите деца или внуци и да кажете: „Денеска, ја следев мојата совест, не подлегнав на притисоци, не прифатив било каков поткуп, помогнав да се изгради вашата иднина, иднина во која не морате да ја напуштите земјата во потрага по пристојна работа, иднина во која луѓето се почитуваат меѓу себе, земја во која луѓето разговараат и се слушаат меѓу себе, без оглед на нивното потекло, накратко, земја која ги следни европските вредности“.“

Овие три дена беа уште една можност за граѓанското општество да се приближи кон преговарачкиот процес и да се обиде да влијае со своите експертизи и ставови врз тешките одлуки кои мора да произлезат од преговорите. ЦИВИЛ – Центар за слобода продолжува да го поддржува политичкиот процес и напорите кои во него ги вложуваат меѓународните и домашните експерти и се придружува кон овој повик за совесност. Воедно, ЦИВИЛ продолжува со работата на терен и во комуникација со граѓанките и граѓаните ќе продолжи со својот конструктивен придонес кон процесот кој е пресуден за иднината на Македонија.

Извор: Цивил

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …