недела , 24 септември 2017
ракетна

Пјонгјанг наскоро може да тестира интерконтинентална ракета

Северна Кореја би можела да тестира интерконтинентална балистичка ракета во блиска иднина, пишува севернокорејскиот весник „Родонг синмун“.

Весникот наведува дека „серијата успешни тестирања на стратешкото оружје покажала дека се наближува времето кога Северна Кореја ќе лансира интерконтинентална балистичка ракета“.

– Тестирањето на ракета од овој тип веројатно ќе биде успешно и ќе покаже колку е погрешна непријателската политика на САД кон Северна Кореја, наведува весникот.

„Родонг синмун“ смета дека Вашингтон „нема да си дозволи да се впушти во војна со држави кои поседуваат нуклеарно оружје и интерконтинентални балистички ракети“.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …