вторник , 26 септември 2017
katicajaneva3-685x320

Плановите на специјалниот обвинител доставени до Советот, Владата и Собранието

katicajaneva3-685x320Општиот работен, персоналниот и финансовиот план на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, денеска се доставени до Советот на јавни обвинители, Владата и Собранието на Република Македонија.

– Плановите до Собранието се доставени на известување, додека до Владата и до Советот на јавните обвинители се доставени на имплементација. Како што веќе беше споменато, изразувам очекување Советот за јавни обвинители да ги имплементира плановите и да ги избере јавните обвинители предложени од моја страна, соопшти денеска кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Плановите, како што се посочува во соопштението, се направени  врз основа на анализа на досега достапните податоци за предметите, очекувањата за прилив на нови предмети, како и реалните потреби за обезбедување на независност и автономност во работењето на Јавното обвинителство.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …