понеделник , 25 септември 2017
platforma

Платформа 091: Јавниот Првобранител да реагира на ускратените права на средношколците

platforma
Здружението за граѓани за унапредување и промовирање на човековите права „Платформа 091“ од Скопје најостро ги осудува денешните инциденти во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ со што се скратени правата на учениците и наставниците да излезат на протестот под организација на Средношколскиот Пленум и да го искажат своето незадоволство против лошите реформи во образованието.

Со ова се прекршуваат основните човекови права од кои правото на слободно движење и правото  за протест, како и правото на искажување на незадоволството. Ги осудуваме постапките на директорот на гимназијата „Јосип Броз Тито“, како и другите училишта кои ги кочеле основните човекови права.

Го повикуваме Јавниот Првобранител да реагира на ускратените права на средношколците. Цврсто стоиме и ја даваме нашата поддршка на средношколците и нивните барања и ставови за лошите реформи во образованието.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …