петок , 18 август 2017
dijanam

Платформа за самоуништување

И конечно дојдовме во постизборен простор во кој формирањето на Собрание и Влада зависат од албанските партии. Се разбира една од нив е и ДУИ која со години беше дел од оваа власт која го уриваше системот.
И тоа е добро, подобро не може ни да биде. Зависиме од волјата на партија, која во власта влезе како борец за човекови права.
Господине Али Ахмети, господа пратеници од ДУИ со години бевте власт која ни создаде: финансиски долгови, деструктивното образование, здравствен систем кој ги убива новороденчињата, загаден воздух, загадена почва и вода, скапи сметки, низок стандард, невработеност, емиграција, неправда, криминал, корумпираноста и уште многу други проблеми. Овие работи господине Али Ахмети не познаваат националнa припадност, овие работи господине Али Ахмети спаѓаат во човекови права.

Зарем вие не бевте борец пред се и над се за човекови права. Зарем вие не бевте дел од еден догогодишен деструктивен систем кој на сите нас ни ги одзема човековите права. Зарем не увидовте дека токму албанците во Македонија сфатија дека националната припадност е неупотреблива доколку системот не ги нуди основните човекови права кои му припаѓаат на секој граѓанин подеднакво.

Токму албанците во Македонија, господине Али Ахмети покажаа највисока егзистенцијална свест, затоа што видоа дека доколку државата, системот не те почитуваат пред се и над се како ЧОВЕК, залудни се било кои национални права, залуден е јазикот и јазиците на кои зборуваш ако никој не те разбира. Залуден е било кој јазик што го зборуваш, читаш и пишуваш ако и самиот не го разбираш. За ситуацијата во која се наоѓаме сте исто толку виновен колку и Груевски. Во платформата барате да ви биде признаена заслугата за државотворност. Извинете, но кога тоа го прочитав, не можев да се сопрам од смеење. Вие учестувавте во рушење на човековите права во оваа држава на сите граѓани. Вие Али Ахмети, борецот за човекови права, сте последниот кој треба во овој постизборен простор да се грижи за сопствената кожа и да бара било какви услови и простувања.

Вие Али Ахмети, борецот за човекови права, ако сеуште сте тоа, треба сопствената кожа да ја понудите за спас на сиот народ и за опстанок на државата. Веќе на сите ни е јасно дека претседателот на РМ, мандатот може да го даде на партијата односно партиите кои имаат мнозинство, односно минимум 61 пратеник.

Господа од ДУИ, повелете изберете го патот, повелете искористете го овој момент како историски за државотворност на граѓанско општество или како платформа за самоуништување.

Дијана Мицковиќ

Слични написи

received_10208023772386693

И биднаа безмалку педесет дена од новата Влада!

Колумната ќе ја започнам со една приказна, која оди вака: ,, Бог му заповедал на …