петок , 22 септември 2017
plenkovik

Пленковиќ: Со Србија да се решат сите преостанати прашања

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во интервју за „Јутарњи лист“ изјави дека Хрватска мора да ги реши преостанатите прашања кои останаа отворени од „времето на големосрпската агресија на Милошевиќ врз Хрватска“.

– Покрај прашањата за заштита на малцинствата, исчезнатите, границата и друго, посебно се истакнува прашањето за процесирање на воените злосторства и Законот за надлежност на државните органи на Србија, посочи Пленковиќ.

Тој, запрашан за коментар за неодамнешната изјава на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во Брисел дека е изменет Дејтонскиот договор во Босна и Херцеговина и оти Договорот треба да се остави во минатото, истакна дека пртетпоставува дека претседателката мислела на низата промени кои се однесуваат на уставната архитектура на БиХ, што постапно се случуваа во изминатите дваесетина години.

– Водиме сметка дека Уставот на БиХ е еден од анексите на Дејтонскиот договор. Рамноправноста и конститутивнопста на народите најдобро може да се спроведе со децентрализација, сусидијарност, легитимна застапеност и федерализам. Секако политичките партии и институции во БиХ имаат одговорност преку меѓусебен дијалог да дојдат ди најдобри институционални промени кои одговараат на интересите на сите, наведе Пленковиќ.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …