сабота , 21 октомври 2017
pliskova

Плишкова за првпат лидер на ВТА ранг листата

Чешката тенисерка Каролина Плишкова го подобри својот пласман за две места и сега е на врвот на најновата ранг листа на ВТА објавена денеска.

Плишкова води со 6.855 поени, пред Симона Халеп (Романија) која има 6.670 и досегашниот лидер Анџелике Кербер (Германија) со 5.975 поени.

Во ТОП 10 светски тенисерки уште се: Јохана Конта (В.Британија), Гарбиње Мугуруза (Шпанија), Елина Свитолина (Украина), Каролине Вознијацки (Данска), Светлана Кузњецова (Русија), Венус Вилијамс (САД) и Анџелика Радвањска (Полска).

Од македонските тенисерки најдобар пласман има Лина Ѓорческа која е на 212.позиција што претставува пад од 31 место во споредба со минатонеделното рангирање.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …