среда , 28 јуни 2017
plomp

Пломп: Прв приоритет на новата Влада треба да биде подобрување на животот на граѓаните

„Новата Влада треба да ги одреди своите приоритети, но ако ме прашувате мене, јас би рекол дека првиот приоритет треба да биде подобрување на животот на сите граѓани во државата“, вели амбасадорот на Холандија во Македонија, Ваутер Пломп во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“.

Како приоритети, амбасадорот исто така ги спомна и владеењето на правото, отчетноста, инклузивноста и генерално спроведувањето на реформите кои ќе и овозможат на Македонија да влезе во Европската Унија и НАТО.

„Сите реформи кои се потребни за прием во ЕУ не треба да се спроведат примарно заради Унијата, туку заради доброто на самите граѓани. Македонија има многу пријатели вклучувајќи и земји-членки на ЕУ. И јас сум многу горд што мојата земја Холандија е ваш партнер веќе 26 години“, вели Пломп.

Тој додаде дека Македонија долго време беше во чекалната на НАТО, многу од реформите биле завршени и дека приемот во НАТО може да биде побрз, и тоа е значајно охрабрување.

Во однос на решавањето на спорот со Грција за името, Пломп додаде дека со изборот на новата влада има нов импулс и се отвораат нови можности. Смета дека е во интерес на меѓународната заедница да помогне и да ги поддржи овие напори“, додаде Пломп.

За работата на СЈО истакна дека треба да и се дозволи да ја исполни важната улога која и беше доделена.

„Не се работи само за одржување на избори и избор на нова влада, туку и за утврдување на вистината за тоа што се случило и за утврдување на одговорноста, затоа што јас силно верувам дека политиката на неказнивост само ќе ја пролонгира политичката криза“, додаде Пломп.

Во однос на подобрување на состојбата со медиумите, амбасадорот истакна дека потребна е дискусија со претставниците на медиумите, разгледување на моменталната состојба и спроведување на постоечките закони.

Слични написи

sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за …