вторник , 27 јуни 2017
се скараа

Плусинфо: Се скараа патриотските здруженија, немало пари за сите тврдокорни

Се скараа патриотските здруженија кои изникнаа во последниот период поради тоа што само на неколку им биле префрлени пари за нивните активности, вели за Плусинфо доброупатен извор.

Според неговите информации, на едно здружение од Прилеп му биле префрлени пари на сметката за организирање на активности поврзани со протестите, што не било случај со другите здруженија, па тоа било причина за расправија меѓу здруженијата, што довело до губење на масовноста на протестите „За заедничка Македонија“ кои се одвиваат и низ внатрешноста на земјава.

Здруженија со Предзнак М.П.З ( македонско патриотско здружение), почнаа масовно да се појавуваат низ Македонија по изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во која најави десоросоизација и формирање на невладини организации кои би биле финансирани од буџетот.

Истите извори потврдуваат дека веќе е формирана паравојската од која пред некој ден протекоа и првите фотографии, а за нејзиното формирање биле задолжени партиските раководства низ градовите во Македонија. Имено, според нашите информации, „специјални“ луѓе биле посетувани во нивните домови и биле прашувани дали би се приклучиле кон формацијата во замена за интервенција во нивните полициски досиеја.

„Прекрасно им се погоди што одбраната на Груевски може да се маскира со одбрана на Македонија по објавувањето на „албанската платформа“, вели изворот на Плусинфо кој инсистира на анонимност поради лична безбедност.

Според него, целта за формирањето на ваквите параструктури е „за секој случај“, ако СЈО посегне по лидерот на партијата.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …