вторник , 24 октомври 2017
tetovo-bolnica_0-701x453

По смртта на мајката од Тетово, умре и бебето

Бебето родено во петокот вечерта на Гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница во Тетово, чија 30-годишна мајка почина при породувањето, починало во текот на вчерашниот ден на Детската клиника во Скопје, информира Министерството за здравство.

„Новороденчето починало вчера во текот на денот. Било примено во тешка состојба на Детска клиника во Скопје, со ниски породилни оценки. Во Тетово е интубирано со венска линија, направено е сè како што треба, но, за жал, бебето било во многу тешка состојба и починало“, информираат од министерството.

Неговата мајка, жителка на Желино, почина во петокот вечерта откако била донесена во тетовската болница во состојба кога породувањето било почнато.

Од Клиничка болница – Тетово велат дека жената имала висок притисок и била донесена во тешка состојба. Лекарите констатирале дека породувањето е веќе почнато и било постапено според медицински протокол, но наскоро жената паднала во кома. Лекарите се обиделе да ја реанимираат жената, но тоа било безуспешно.

На родилката тоа ѝ била втора бременост.

На скопската Клиника за гинекологија ноќта меѓу 21 и 22 септември починале четири бебиња во инкубатори. И за овој случај комисијата формирана од Министерството за здравство утврдила дека биле запазени медицинските процедури, а новороденчињата биле во група со висок ризик.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …