недела , 24 септември 2017
struga3

По цела ноќ работа изгасната депонијата во Струга

Пожарот во депонијата во Струга конечно е изгаснат, речиси и да нема чад. Екипите на теренот продолжуваат со работа за затрупување на целата депонија со земја, да не се случи повторно да се запали некој помал дел. Комисијата избрана од министерот за животна средина најавува доколку има потреба од дополнителни мерки ќе се постапи согласно ситуацијата на теренот.

Работниците ноќеска работеле цела ноќ, дури имало случај на губење свест од чадот и била побарана медицинска помош.
Во струшката јавност се погласно се шпекулира дека намерно се пали депонијата, но засега нема потврда за тоа.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …