недела , 22 октомври 2017
Image_4914185_126

Почина синот на бугарскиот претседател Плевнелиев

Image_4914185_126
Прес секретарот на претседателот Росен Плевнелиев денеска соопшти дека почина синот на бугарскиот претседател, Филип Плевнелиев.

Синот на Плевнелиев, починал од дисекција на аортата која cе скинала по целата должина, дознава бугарскиот медиум „24 часа” од администрацијата на Претседателот.

Момчето починало рано утринава во Трета градска болница во Софија. Итно било примено во Национална кардиолошка болница во раните утрински часови на 8 август, дознава „24 часа”. Била извршена хируршка интервенција, но и покрај борбата за неговиот живот, починало.

Професор Александар Чирков, кој ја чул веста во Фрајбург, Германија, коментира за „24 часа”, дека смртта може да се должи на наследен фактор.

Професорот вели дека во таква ситуација градите се потонати навнатре, а аортата е проширена во горниот крај при излезот на срцето. Оваа состојба е вродена.

Официјално, не е се уште наведена причината за смртта на момчето.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …