вторник , 25 јули 2017
Bogoljub-Mitic-Djosa-620x350

Почина српскиот актер Богољуб Митиќ – Ѓоша

Познатиот српски актер и комичар Богољуб Митиќ – Ѓоша ненадејано почина утрово, како последициа на срцев удар, јави српскиот портал Курир.

Четириест и деветгодишниот Митиќ се прослави со улогата на Ѓоша во телевизиската серија „Семејно богатство“, име кое потоа стана и негов прекар.

Покрај со актерството, Ѓоша се испорба и како сценарист во хумористичната серија „Агенција за СИС“.

Богољуб Митиќ – Ѓоша беше женет и имаше две ќерки.

Слични написи

izrael1

Сули ан: Проекција на израелскиот филм „Израелска љубовна приказна“

На Факултетот за ликовни уметности – Сули ан, во соработка со Амбасадата на Државата Израел …