недела , 22 октомври 2017
monstrum-obvineti_1

Почна седницата за „Монструм“ во Врховниот суд

Во Врховниот суд почна јавната седница за доживотните затворски казни во случајот „Монструм“. Во судницата се присутни сите обвинети.

Адвокатот Насер Рауфи на самиот почеток на седницата побара од судијата Јово Вангеловски да се зголеми бројот на членови на семејствата на обвинетите во судницата.

Еден од обвинетите, пак, побара да им бидат извадени лисиците додека трае седницата. Вангеловски ги одобри и двете барања.

Јавната седница на која треба да биде разгледана жалбата на обвинетите против пресудата досега неколкупати беше одложувана.

Во случајот „Монструм“ за петкратното убиство на Смилковско Езеро што се случи во 2012 година на доживотен затвор се осудени Алил Демири, браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Aзири и Сами Љута. Тие се обвинети за кривично дело тероризам.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …