вторник , 26 септември 2017
flyer2015tetovo

Почнува 11-то издание на Германскиот филмски фестивал во Тетово

flyer2015tetovo
Овогодинашното издание на Фестивалот на новиот германски филм ќе започне денеска, 20-ти октомври, а отворањето на Фестивалот е во Центарот за култура во Тетово, со прикажување на филмот „Роден во болка“ со почеток во 20.00 часот.

Единаесетти пат по ред во Тетово се организира Фестивал на новиот германски филм. Фестивалот е во организација на Германската амбасада во Скопје во партнерство со Центарот Лоја, поддржано од ПроКредит Банка.

Фестивалот трае три вечери, а втората вечер публиката во Тетово ќе има можност да гледа филмови во два термина, во 18.00 часот се прикажува филмот „Феникс“ и од 20.00 часот „Хакери“ и двата филма ќе бидат прикажани во просториите на Центарот LOJA.

Третата вечер ќе може да се проследат три филма, кои започнуваат во 16.00 часот, кога ќе биде прикажан филмот за деца „ Лола на грашокот “ и од 18.00 часот децата повторно ќе можат да го гледаат филмот „Спасете го Рафи“.

Фестивалот се затвора со проекцијата на 22 октомври од 20.00 часот со прикажување на комедијата „300 германски зборови“.

Сите филмови ќе бидат прикажани со превод на македонски и албански јазик. За сите проекции влезот е слободен и сите љубители на германскиот филм се добредојдени. Проекциите на овие филмови ќе бидат во просториите на Центарот  LOJA.

Слични написи

deca2

Како да ги привлечеме младите читатели во библиотеката на тајните?

Како книгата да се приближи до децата, на кои современите технологии и социјалните медиуми постојано …