сабота , 23 септември 2017
stavreski komisija

Почнува амандманската расправа за Предлог буџетот за 2016

stavreski komisija
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да почне со амандманската расправа за Предлог буџетот за 2016 година.

За Предлог буџетот до матичната комисија се поднесени 418 амандмани, од кои 235 од здружената опозиција, 178 од ДПА, три од ДУИ, еден од пратеничката Роза Топузова Кареска и еден од повеќе пратеници.

Во петокот Комисијата по четири дена расправа го заврши општиот претрес за Предлог буџетот за 2016 година.

Собранискиот деловник предвидува расправа од најмногу 10 дена за новиот буџет во матичната собраниска комисија.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …