понеделник , 25 септември 2017
skupi_fest

Почнува Меѓународниот театарски фестивал „Скупи“

skupi_fest
Меѓународниот театарски фестивал „Скупи“ ќе се одржува од 27-ми октомври до 1-ви неоември под мотото „Better view“.

Во рамки на фестивалот на сцената на Младинскиот Културен Центар во Скопје ќе бидат одиграни осум европски претстави.

Отворањето на фестивалот е закажано за вторник, 27-ми октомври со претставата „Shopping & Fucking“ на Марк Равенхил, како копродукција помеѓу Националниот Театар на Приштина и Урбан Театар од Приштина, Косово.

Фестивалот ќе биде затворен со „Куќата на гневот“, чиј текст е базиран на стихови на Федерико Гарсија Лорка, како и поеми на Рафаел Алберти, Мигел Ернандес и Диана Добрева, а во продукција на бугарскиот театар Взраждане. Режисерка на претставата е истакнатата Диана Добрева.

Слични написи

deca2

Како да ги привлечеме младите читатели во библиотеката на тајните?

Како книгата да се приближи до децата, на кои современите технологии и социјалните медиуми постојано …