вторник , 26 септември 2017
jazz festival

Почнува Скопски џез-фестивал 2015

jazz festival
Фестивалот вечерва, 15-ти октомври, во 20 часот ќе почне со концерт на американскиот гитарист Џејмс Блад Алмер, по кого ќе настапи Џанлука Петрела – меѓународно реномиран тромбонист и еден од најголемите претставници на италијанскиот џез во светот.

Осум концерти во четири вечери во Македонската опера и балет и уште два во полноќната програма во „Сити хол“ ќе понуди годинашниот, 34. Скопски џез фестивал од денеска до 18 октомври.

Утревечер, 16-ти октомври, ќе гостува германскиот пијанист Јоаким Кин, еден од најзначајните претставници на џез-авангардата, и ќе продолжи со настапот на триото на Авишаи Коен од Израел, кој е меѓу најголемите светски виртуози на контрабас.

Во сабота е концертот на американскиот композитор и пијанист Крег Тејборн, кој нуди нова перспектива во создавањето џез-музика и кому лани Асоцијацијата на џез-новинари му ја додели наградата за најдобар пијанист, а по него во МОБ ќе гостува и неговиот сонародник – џез-пејачот и композитор Грегори Портер, чиј албум „Liquid Spirit“ имаше голем комерцијален успех и освои награда „Греми“ за најдобар вокален џез-албум.

На завршната вечер во недела ќе настапи канадскиот тандем – Сара Нуфелд и Колин Стетсон, кои на виолина и саксофон создаваат богати и егзотични звуци, а по нив, за крај на годинашниот Скопски џез-фестивал, концерт ќе има осумчлениот шведски бенд „Англес 8“ кој свири современ џез, комбинација од разновидни музички влијанија.

Полноќните концерти во „Сити хол“ ќе бидат во петок и сабота – на 16-ти ќе гостува џез-секстетот „Melt Yourself Down“, во кој членуваат неколкумина најиновативни музичари на џез, рок и ворлд-мјузик сцената во Велика Британија, а на 17 октомври ќе гостува наградуваниот алт-саксофонист и рапер Совето Кинч, еден од најразновидните музичари на британската џез и хипхоп-сцена.

Пред вечерашниот концерт во 18.30 часот во фоајето на МОБ ќе биде отворена и изложба на џез-фотографии, насловена „Sweet Addiction“, на авторката од Словенија Петра Цвелбар.

Фестивалот ќе се одржува под покровителство на Министерството за култура.

Автор на дизајнот на плакатот за годинашното издание е Карло Меѓугорац.

Слични написи

deca2

Како да ги привлечеме младите читатели во библиотеката на тајните?

Како книгата да се приближи до децата, на кои современите технологии и социјалните медиуми постојано …