петок , 22 септември 2017
ohrid_1-685x320

Почнува судењето за двојното убиство во Охрид

ohrid_1-685x320
Пред Основниот суд во Охрид денеска треба да се одржи првото рочиште од процесот во врска со двојното убиство што на 22. август минатата година се случи во угостителскиот објект „Император“ на улицата „15-ти Корпус“, кога со огнено оружје смртно беа застрелани сопственикот на ресторанот Васил Р(56). и лицето Ромео Ѓ(38).

Осомничениот за убиството Б.П.(31), жител на Охрид, кој воедно е првообвинет во процесот, побегна од местото на злосторството и беше недостапен за органите на прогонот речиси шест месеци. После распишана меѓународна потерница тој беше приведен во Албанија, а подоцна екстрадиран во Македонија.

Според истрагата, со првообвинетиот за време на убиството имало уште едно лице, кое беше приведено од полицијата уште истиот ден.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …