недела , 24 септември 2017
civil sela 1111

Поднесена кривична пријава за напад врз лидерот на СДСМ во Собранието

Единицата за насилен криминал во СВР Скопје до Основно јавно обвинителство Скопје доставила уште една кривична пријава, против лицето Ј.Ч. (28) од Прилеп, поради постоење основи на сомневање за извршено кривично дело -„учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ предвидено и казниво по чл.385 од КЗ на РМ.

Како што соопшти МВР, пријавениот на 27 април 2017 година околу 19 часот на ул. „11 ти Октомври“, откако со употреба на физичка сила насилно влегол во Собранието на Република Македонија, се упатил во прес салата 3 каде било обезбедувањето на претседателот на СДСМ по што почнал да го турка и влече. Истиот, во еден момент успеал да се приближи до претседателот на СДСМ кого физички го нападнал удирајки го со нога во пределот на стомакот.

cento

Од страна на Единицата за насилен криминал обезбеден е видео запис со дејствијата кои ги презема и изготвен е фото албум.

На 19-ти овој месец пријавениот Ј.Ч. е повикан, извршен е разговор во кој го појаснил начинот на извршување на кривичното дело, а во консултација со Јавен обвинител по извршениот разговор истиот бил ослободен.

civil sela 1111

До Основно јавно обвинителство, според МВР, доставено е едно Известување во врска дејствие на овластено службено лице М.М. (45) од Охрид, вработен во Единицата за потраги при СВР Скопје.

Истиот иако бил службено ангажиран за постапување по најавениот протест од граѓанското здружение „За заедничка Македонија“ како физичко обезбедување на протестот, околу 19 часот кога поголем дел од граѓаните учесници на протестот насилно влегле во Собранието преку главниот влез, М.М. влегол во Собранието при што и по наводите на неговата изјава и изјавата на А.А., вработен како Виш инспектор во Одделот за заштита на определени личности и објекти, во моментот кога А.А. го извадил од футрола службениот пиштол и испукал еден проектил во воздух со цел да ја спречи и предупреди толпата, М.М. го фатил за раката при што се обидел насилно да му го одзеде службениот пиштолот.

Во Собранието, М.М. е присутен од 19 часот во првите редови од толпата до лицата С.Т. и А.Т. (обезбедување на З.З. и О.С.), каде истиот нешто им зборува и снима со мобилниот телефон, иако не бил службено ангажиран внатре во Собранието. Од страна на Единицата за насилен криминал обезбеден е видео запис со дејствијата кои ги презема М.М. и изготвен е и фотоалбум.

Од МВР информираат дека завчера по претходно распишан локален распис на аеродром „Александар Велики“ Скопје, лишено од слобода е лицето К.Т. (37) од Охрид, по што е спроведено во ПС „Кисела Вода“ и од страна на полициски службеник е задржан. Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје обавен е разговор со лицето, по што е дактилоскопирано и ослободено, а во консултации со Јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок.

– Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните случени на 27. април 2017 година во Собранието на Република Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните, се истакнува во соопштението на МВР.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …