вторник , 26 септември 2017
policija-mak

Полицаец од Скопје фатен на дело како прима мито

Основното јавно обвинителство – Скопје презема дејствија против службено лице полицаец кој на 19-ти октомври е фатен на лице место како прима поткуп од возач за сторен сообраќаен прекршок.

Полицаецот во ноќта меѓу 15 и 16 октомври вршел рутинска контрола на преглед на возила во Скопје, при што го сопрел возилото на оштетеното лице и му констатирал три сообраќајни прекршока. Полицаецот го известил возачот дека за сторените прекршоци му следи казна во висина од 1000 евра, но дека доколку му даде 3000 денари, нема да му биде напишана казната. Возачот изјавил дека во моментов нема пари, но е согласен да му даде поткуп на полицаецот. Се договориле паричните средства оштетениот да ги остави во една од блиските продавници, каде ќе каже дека тие се за полицаецот. При тоа, службеното лице му зело генералии на возачот и телефонски број на кој во следните денови неколку пати го контактирал.

Оштетениот го пријавил службеното лице и во организирана акција, на 19 октомври осомничениот е фатен на лице место како го зема поткупот.

Поради постоење на оперативни сознанија, извршен е претрес на приватното возило на осомничениот каде се најдени податоци за стотина граѓани, адреси и контакт телефони. Најдените докази укажуваат дека осомничениот на ист начин ги обработувал и преземал коруптивни дејствија кон поголем број на граѓани.

Со оглед дека постои основано сомнение за сторени кривични дела кон поголем број лица, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје предложи изрекување на мерка – Притвор за осомниченото лице, кој предлог со Решение на судот беше потврден со изречена мерка од триесет дневен притвор.

Основното јавно обвинителство – Скопје во насока на расветлување на предметот, ќе презема дејствија за проверка на сите податоци најдени кај осомничениот со цел утврдување на фактичката состојба во предметот.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …