недела , 20 август 2017
tomislav_nikolich

Полицијата го проверува работењето на фондацијата на сопругата на Томислав Николиќ

Инспектори на Министерството за внатрешни работи за економски криминал од минатата недела го проверуваат работењето на фондацијата на Драгица Николиќ, сопругата на актуелниот претседател на Србија, Томислав Николиќ, поради сомневање дека наместо на градилишта, половина милион евра завршиле во нечии џебови.

Според пишувањата на белградскиот весник „Блиц“, проверката следува по пријавата на еден изведувач дека му е побарано да врати во готовина дел од парите што му биле уплаќани на сметка за адаптација на еден објект.

Полицијата сега ги собира сите податоци за донациите, начинот на трошење пари, како и за склучувањето договори за изградба на објекти и за купување опрема со средствата на фондацијата, која го носи името на сè уште актуелната прва дама на Србија.

Како што наведува весникот, се работи за голема сума пари затоа што само за неколку години се собрале 10 милиони евра, а постои сомневање дека „по принципот поврзани лица, еден дел од парите завршувал во џебовите на блиските луѓе од фондацијата на семејството Николиќ“.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …