недела , 22 октомври 2017
slovenska-policija

Полицијата ќе наградува ако возите без алкохол во крвта

Бројот на сообраќајни несреќи предизвикани од алкохолизирани возачи во Словенија оваа година е во пораст, а кај возачите на кои им е направен алкотест во просек се откриени 1,51 промили алкохол во крвта.

Но, на сите оние кај кои ќе се утврди дека се „чисти“ зад воланот им следува награда – интересен музички настан. Бројот на загинати на словенските патишта оваа година е во значителен пораст, а кампањата за зголемен надзор и освестување на возачите под назив „Словенија дува 0,0 промили“ пристигнува во вистински момент – кога дозрева младото вино.

Од почетокот на годината на словенските патишта во несреќи смртно настрадале 117 луѓе, од кои 30 поради возење под дејство на алкохол, а во околу 14.000 сообраќајни несреќи откриени се 1.500 алкохолизирани возачи, што е преку 20 проценти повеќе од лани.

За да ги стимулира учесниците во сообраќајот да се воздржат од консумирање на алкохол и опијати, словенската полиција во акцијата која трае до средината на месецов организира мотивирачка наградна игра. На оние возачи кај кои со тестирањето ќе се утврди дека се целосно „чисти“ ќе им подарат среќки за лотарија на која можат да добијат бесплатни карти за концерт на полицискиот оркестар и популарни пејачи на забавна музика.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …