понеделник , 25 септември 2017
policiska-akcija-kumanovo-2015

Полицијата трага по тројца соработници на групата од Дива населба

policiska-akcija-kumanovo-2015
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ја прошири истрагата за настаните во „Диво Насеље“.

Врз основа на досегашните докази од истрагата во врска со кумановските настани од 9 и 10 мај годинава, надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за спроведување на истражна постапка за уште три македонски државјани, за кои постои сомнение за сторени кривични дела „Терористичка организација” од чл. 394 – а и „Тероризам” од чл. 394 -б од Кривичниот законик.

Во исто време, за тројцата осомничени, обвинителот до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка – Притвор.

Осомничените во моментов не се достапни на органите на прогонот.​

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …