вторник , 26 септември 2017
polnokna sredba

Полноќната лидерска средба заврши без конкретен договор, роковите се пократки

polnokna sredba
Заврши полноќната лидерска средба за спас на договорот од Пржино. На лидерската средба во Клубот на пратеници присуствуваа Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Мендух Тачи, како и евроамбасадорот Аиво Орав, претставник на Амбасадата на САД во Република Македонија, Бејли и белгискиот експерт Питер Ванхауте.

Во куса изјава за медиумите Ванхауте изјави:

“Се надевам дека ќе се постигне договор, има оптимизам во преговорите но сакам да потенцирам дека роковите се се пократки и пократки. Според него преговорите ќе продолжат утре со поединечни средби со работните групи на политичките партии.

Лирерот на ДПА, Мендух Тачи прв ја напуштил средбата, по него излегол лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а водечките луѓе на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ останале кратко насамо со странците.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …