сабота , 23 септември 2017
Мало Коњари 3 [1600x1200]

Поплавени прилепските села Мало и Големо Коњари, жителите оставени на немилост

Мало Коњари 3 [1600x1200]
Пишува: Виктор Азманоски

По синоќешните врнежи на дожд поплавени се повеќе прилепски села, од кои најпогодени се Мало и Големо Коњари. Исто како и по пролетните врнежи од дожд така и оваа година власта нема слух за проблемите на луѓето кои живеат во овие села и покрај писмено испратените барања до општината да се исчистат каналите за да не се прават поплави секоја година.

Во селото Мало Коњари поплавени се неколку домови, штали а има и доста оштетени тутунопроизводителски семејства.

“Од кога знам за себе, 45 години се случува ова истово секоја година. Нека дојде градоначалникот на Прилеп да живее овде, живееме како стока кога се пролетните или есенските дождови. Го повикавме да дојде да види како живеме но бега, се крие ама и ние ќе се криеме на изборите, тогаш кога ќе не бара како и секои избори. “, изјави Миле од с. Мало Коњари.

Поплавен е исто така и регионалниот пат Прилеп- Крушево. Од општината не се преземаат никакви мерки и покрај пртходните предупредувања дека ќе се случи ова.

“Јас како претседател на месната заедница од Големо Коњари во повеќе наврати имам испратени писма и барања до општината за да се исчистат каналите, но за жал од таму немаат слух. Истите куќи кои што за време на пролетните поплави беа зафатени, а зафатени се и сега. Луѓето работат тутун само за да купат покуќнина, пролетоска исфрлија една, сега есенва еве ќе фрлат уште една, кој ќе ја надокнади таа штета на овие луѓе јас навистина не знам, држава ли сме, племенски сојуз ли сме не знам, и кај племињата подобро функционира пред време се заштитуваат. Водата надоаѓа се повеќе и повеќе, сега оштетени се околу 5-6 куќи, стоката ја пренесуваме на раце за да спасиме тоа што можеме, шталите се околу 60-70 сантими под вода, водата ни го однесе и тутунот кој што е поставен во скелињата во селото.”, изјави за РеволуционерМк Кронислав Мантароски, претседател на МЗ Големо Коњари.

Во месец март оваа година жителите на овие села видоа многу мака со пролетните посеви, со расадите за тутун, џабе празните ветувања од општинските власти кога еве гледате повторно лекцијата не е научена, препуштени сме сами на себе, додава Мантароски.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …