недела , 24 септември 2017
pelagonija poplavi 2015 1

Поплавите ги уништија и површините за сеидба на пченицата

pelagonija poplavi 2015
Деновиве се многу критични за опстанокот на земјоделството во Пелагонискиот регион. Во летниот период градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристоски вети дека ќе ги санираат оштетените насипи од Прилепска река. Но, состојбата со речните корита и каналите за одводнување не е ниту малку променета. Ништо не е санирано. Дополнително, кажуваат небистини дека на земјоделците им е исплатено обештетувањето од минатогодишните поплави иако се исплатени само 30-30%.

Првиот есенски дожд повторно ја излеа Прилепска река. Ако навистина нејзиното корито беше санирано, како што се пофали власта дека ги санирала ланските „дупки“ на реката, тоа не ќе се случеше. Водата од Прилепска река навлезе во полињата со пченка, пипека и во подготвените полиња за есенска сеидба на пченицата. На поплавените површини е мала можноста за есенска сеидба.

pelagonija poplavi 2015
Оваа штета со поплавените полиња повлекува и други трошоци – за закуп на земјоделското земјиште, трошоци за семенскиот материјал, трошоци за веќе купеното ѓубриво, платени обврски за одводнување за неизвршена услуга…. Земјоделците секој ден пропаѓаат се повеќе. Власта не реагира на нивната катастрофална состојба. Водата сеуште надоаѓа а со тоа и штетите секојдневно се зголемуваат. Неодговорноста на луѓе од власта станува се поголема.

Не најдоа за потребно вистински да ги санираат речните корита на реките во Пелагонија а не само со лажни изјави да ја манипулираат македонската јавност дека се е во најдобар ред во државава.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …