вторник , 24 октомври 2017
odron

Поради одрон, отежнато движењето на патот Скопје-Долно Блаце

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од 19.30 часот на магистралниот пат Скопје – Долно Блаце кај м.в „Вражји вир“ сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента поради одрони на камења на неколку места.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …