недела , 22 октомври 2017
pepe

Поради повреда на дуелот со Спортинг Бејл може да го пропушти „Ел Класико“

Реал Мадрид обезбеди место во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако со 2:1 славеше на гости во Лисабон против Спортинг. Лоша вест за мадриѓани од ова гостување е повредата на Герет Бејл. Велшанецот ја повреди десната нога и мораше предвреме да биде заменет по 58 минути игра.

Според првичните проценки, можно е Бејл да не биде подготвен за големото дерби против Барселона. Вечното „Ел Класико“ се игра за 10-тина дена.

„Ситуацијата не изгледа добро. Бејл доби удар и треба да мирува“, вели тренерот на Реал, Зинедин Зидан. Бејл сезонава е еден од најдобрите играчи на Реал и неговото евентуално отсуство сигурно би било голем пех за тимот.

Добра вест за „кралевите“ е тоа што дефанзивецот Пепе прифати да го продолжи договорот. Актуелниот договор на португалскиот репрезентативец истекува до крајот на сезонава. Сепак Пепе реши да остане на „Сантијаго Бернабе“ и во најскоро време треба да биде потврдено останувањето во клубот.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …