вторник , 24 октомври 2017
bosna

Поради властите на Република Српска, БиХ остана без околу 250.000 евра од еврофондовите

Босна и Херцеговина е единствената земја од Западен Балкан, која на вчерашниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Трст не го потпиша Договорот за транспортна заедница, објавија босанските медиуми.

Четирите одобрени босански проекти се блокирани, што значи дека БиХ нема пристап до европските фондови.

Европската комесарка за транспорт Виолета Булц изјави дека БиХ нема да добие околу 250.000 евра за проектите, додека Сараево не го потпише Договорот.

БиХ останува надвор од Договорот за транспортна заедница за Западен Балкан поради несогласувањето со властите на Република Српска со условите на Договорот. Европската комисија несогласување на РС го оцени како неприфатливо.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …