недела , 20 август 2017
darko kostovski

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Дарко Костовски обвинет за напад на професор по физичко

Мултифункционалниот  Дарко Костовски, кој сега е портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, уште еднаш се најде пред лицето на правдата поради напад на професор по физичко образование, вработен како инструктор во детското одморалиште “Радост” во Охрид.

Имено Костовски кој е познат по своето насилничко однесување во летниот период минатата година без никаква причина се нафрлил да го тепа професорот по физичко кој бил со одморалиштето “Радост” во Охрид.

дарко костовски портпарол

Минатиот месец Костовски иако бил во близина на Охридскиот суд, како надлежен на настанот, не се појавил да даде изјава додека траело рочиштето како обвинет во случајот за физички напад.

Овој случај со нападот на професорот по физичко не е прв случај Костовски да демонстрира сила. Напредувањето на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ како да зависи од покажувањето на неговите боречки способности. На јавноста и стана познат по неговото учество во демолирањето на општина Центар под закрила на ВМРО ДПМНЕ, во период кога беше избран и тој за советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ во општина Бутел.

Неговото име се вртеше во медиумите и како советник на поранешниот министер Диме Спасов со кого се блиска родбинска врска, кога со припадник на алфите кој не бил на смена нападна свои сопартијци во една скопска бурекчилница, по што беше и приведен во полициска станица. Како “награда за тоа” со последните реформи на ВМРО ДПМНЕ е избран за претседател на Општинскиот комитет на неговата партија во Бутел.

Изминативе неколку денови, се почесто го гледаме Костовски на медиумите како го критикува работењето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и говори за некаков криминал.

Дали досегашните физички напади на Костовски се санкционирани од државните ограни, дали тепањето и дивеење се смета за девијантна појава или е отскочна даска за напредување во нечии политички кариери ?

Виктор Азманоски

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …