понеделник , 25 септември 2017
posledniot_makedonec

„Последниот Македонец – патот до истребување“ премиерно во Охрид

posledniot_makedonec
„Последниот Македонец – патот до истребување“, режисерското дело на Илија Пиперковски претстојниот викенд ќе биде премиерно прикажан во НУ Центар за култура “Григор Прличев” во Охрид.

Филмот преиерно ќе биде прикажан во сабота, 31-ви октомври, со почеток 20.00 часот.

Главните улоги ги толкуваат Сашко Коцев, Ненад Начев, Славиша Кајевски, Зоран Љутков, Рубенс Муратовски и Биљана Драгичевиќ-Пројковска. Крвопролевање, разделба на семејства, моќта на соседите, желбата за уништување на Македонија, татковина распарчена на многу делови и херои со големи планови и силна желба да останат свои на своето…Тоа е Последниот Македонец… Оној кој ја испишува нашата историја. 100 години подоцна, по бројните разделби и уништувања, еве не повторно со исти ликови, а различни карактеристики, со неколку чекори сè уште во историјата.

Кино проекции ќе има и во деновите 1-ви, 2-ри и 4-ти ноември со почеток во 20.00 часот.

Слични написи

deca2

Како да ги привлечеме младите читатели во библиотеката на тајните?

Како книгата да се приближи до децата, на кои современите технологии и социјалните медиуми постојано …