вторник , 26 септември 2017
posledniot_makedonec

„Последниот Македонец-Патот до истребување” во кино Фросина

posledniot_makedonec
Во киното „Фросина” во МКЦ, вечерва, 26-ти октомври, во 20 часот ќе се одржи проекција на документарно-играниот филм „Последниот Македонец-Патот до истребување” во режија на Илија Пиперковски.

Филмот зборува за тоа зошто Македонија во перидот пред Букурешкиот договор, но и помеѓу Балканските војни не можеше да создаде сојузници кои ќе ја поддржат независноста, зошто не постоела цврста организација која наместо меѓусебни препукувања, интриги, убиства и атентати ќе го кренела духот на народот кој бил поделен под влијание на Бугарската егзархија, Грчката православна црква а подоцна и Српската, дали и понатаму треба прстот да го вперуваме во другите или да се свртиме во историјата па да погледнеме во сегашноста за да разбереме каде грешиме.

Слични написи

deca2

Како да ги привлечеме младите читатели во библиотеката на тајните?

Како книгата да се приближи до децата, на кои современите технологии и социјалните медиуми постојано …