вторник , 26 септември 2017
132806598-540x320

Постои ризик Германија да ги пропушти евентуалните бенефити од бегалците

132806598-540x320Фајненшел тајмс – Лондон

Незадржливата сила на мигрантите удира врз непроменетата цел за висока минимална плата

Германија се мачи да се справи со мигрантите. Властите се изгубија во нивниот број, а многумина и не се регистрирани. Милиони минуваат транзит. Разбирливо е што дебатите меѓу Германците се фокусираат врз политичките последици, посебно дали канцеларот Ангела Меркел е доволно мудра за да води политика на отворени врати. Една од насоките кон одговорот на тоа прашање е да се направи преглед на економското влијание на бегалците.

Сфаќам дека една од причините, иако не и главната, е тоа што германскиот канцелар избра да ги покани бегалците за да биде решен демографскиот проблем на краткорочен план. Но. директното прашање не е општиот пад на населението кое засега е релативно стабилно на ниво од 80 милиони лица. Поголем проблем е намалување на луѓето во работоспособна возраст. Тоа води до намалување на производственоста на оние кои работат наспроти оние кои се издржувани.

Федералната статистичка служба објави дека бројот на луѓе помеѓу 20 и 65-годишна возраст во 2013 година опаднал на 49,2 милиони, а до 2020 година таа ќе достигне до 48,8 милиони. Оваа проценка е заснованата на претпоставката за слаба миграција, дефинирана како средната просечна миграција од 500,000 луѓе во 2014 година, до малку повеќе од 100,000 до крајот на оваа деценија. Во друго сценарио, според кое вкупната миграција ќе опаѓа до 200,000 луѓе годишно, падот на работоспособно население ќе се стаблизира на ниво од 49,2 милиони луѓе. Во услови кога бројот на бегалци е далеку над тоа второ сценарио, човек може да заклучи дека просечната миграција ќе го реши проблемот, ако се задржи и е доволно висока.

Тоа е точно, но отвора нови проблеми. Незадржливата сила на бегалците удира врз непроменетата цел за висока минимална плата, фиксирана на 8,50 евра на час. Прашањето не е толку во принципот на донесување закон за минимална трудова награда, кое е широко распространето во индустријализираниот свет, колку во фактот што тоа е претерано висока дури и без бегалците. Несомнено, минималната плата е многу висока и сега.

Ако воопшто и немаше никаква минимална трудова награда, би можело да се очекува порастот на бројот на мигрантите да доведе до намалување на платата за дадениот труд. Тоа би било едно од сценаријата, каде бегалската криза може да се претвори во политичко минско поле за Меркел. Но таа нема да го дозволи тоа. Ниту пак тоа ќе го дозволат нејзините коалициски партнери, социјалдемократите.

Ако минималната плата „заседне“ на сегашното ниво, наградите за трудот во германската економија во целина ќе продложат да опаѓаат, но на поиндиректен начин. Многу од неквалификуваните меѓу бегалците на почеток ќе бидат невработени. Малкумина ќе успеат да влезат во субвенционирани програми за професионална обука. Како резултат на тоа, бројот на работниците кои се склони да примаат минимална плата значително ќе се порасне. Тоа ќе продолжи да врши притисок на платите кои е малку над минималната. И таа загрозена категорија ќе оди нагоре самата по себе.

Тоа посебно брзо ќе стави крај на навистина добрите вести кои годинава доаѓаат од целата еврозона. По долгиот период на стагнација, наградите за труд во Германија конечно растат. Во второто тримесечје на годинава, реалните плати, ако ја земеме во предвид инфлацијата, пораснале за 2,7 проценти во споредба со минатата година.

Што друго може да стори владата? Можно е таа да биде предизвикана да се согласи на субвенции за работодавачите кои ангажираат бегалци на минимална плата. Но тоа ќе ги истурка од пазарот на трудот несубвенционираните работници кои се на минимална плата. Ако е целта да се избегнат негативните политички псоледици, тоа овој пат нема да успее. Друга можност ќе биде бегалците да бидат вклучени во од државата финаисираните програми од голем обем во сферата на инфраструктурата, на пример. Тоа би бил многу економски логично ако се земат во превдид хронично ниските нивоа на инвестиции во германскиот државен и приватен сектор. Но таа можност можеби и нема да биде искористена заради причини кои до извесна мера се идеолошки. Меркел ја отвори вратата за бегалците, но не и заради кејнсијанските економски аргументи.

Тоа не остава во еден старомоден шок во сферата на пазарот на трудот. Без ралзика кое сценарио ќе го одберете, наградите за вложениот труд ќе се намалат на долг рок.

Сега да размислиме за последиците за останатиот дел од еврозоната. По еден краток меѓупериод на раст на наградувања за трудот, Германија навлегува во нов период на ограничување на платите. Забележаните постојани во последната деценија големи разлики меѓу цената на трудот во земјите членки, беа една од причните за последната криза во еврозоната. Бидејќи се фокусираат на Германија, но не и на други држави од клубот, не е познато дали бегалците ќе ги зголемуваат внатрешните економски дисбаланси во еврозоната. Еден нов период на реална девалвација навеетува подобрување на нееднаквата конкурентска позиција на Германија. Тоа е последното нешто од кое еврзоната има потреба во момент кога се мачи да ја зацврсти својата економија.

Постои очигледно решение за проблемов. Германија презема дел од бегалците и ги вклучувуа во инфраструктурните програми во државниот сектор, а еврозоната ги прифаќа останатите содветно со договорениот систем на квоти. Во тој случај последиците од бегалскиот бран ќе бидат позитивни, и на краток и на долг рок.

За жал, во својата досегашна историја, еврозоната често не ги избирала очигледните решенија.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …