вторник , 26 септември 2017
car no light

Потенцијален убиец во Македонија би платил казна од 35 евра !

car no light
Пишува: Виктор Азманоски

Да возиш денски со изгаснати светла и да возиш навечер со изгаснати светла за разлика во казната од само 20 евра !?

Според новите измени од Законот за безбедност во патниот сообраќај кој се однесуваат на Член 86 од Законот, односно за употреба на светлата во сообраќајот има многу нелогичен Став.

Во Став 7 од член 86 пишува:

Мандатен платен налог со глоба во износ од 15 евра дење, 35 евра ноќе во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативно бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставот (1) на овој член

член 86

По однос на ова законско решение го контактиравме пратеникот од редовите на СДСМ, Томислав Тунтев кој по професија е доктор по сообраќајни науки.

Тој став првично беше избришан поради тоа што немаше предвидено светла денски.Јас предложив нов Став во Член 86, односно по примерот на Шпанија, Португалија, Италија и други земји употребата на светла за дење да биде препорака, да не биде облигаторно, меѓутоа мнозинството инсистираше да остане старото решение и да е казниво. Тогаш јас прашав дали е исто да заборавам дење светла и ноќе, исти прекршок правам по тежината на последицата што може да се случи?
Од мнозинството не добив одговор по што се договоривме да се намали казната за употреба на светлата дење на 15 евра, а возењето без светла да остане 35 евра како што беше и до сега.” вели Тунтев.

закон за возила

Кога ќе се спореди казната за неисправна сијалица на било кое светло од Закон за возила по Член 42, која изнесува 120 евра навистина е нејасно зошто казната за возење без светла ноќе изнесува само 35 евра, а при што се знае дека доколку ноќе се вози без светла возачот станува опасност и за себе и за останатите учесници во сообраќајот.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …