среда , 18 октомври 2017
migrantiafrika-640x320

Потона брод со околу 600 мигранти од Африка

migrantiafrika-640x320Најмалку 16 лица загинаа, а околу 250 други се спасени кога брод, што превезувал околу 600 илегални имигранти од Африка, се преврти денеска во водите на Средоземното Море во близина на либискиот брег, соопшти портпаролот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), Мелиса Флеминг.

Италијанските медиуми наведуваат дека се старвува оти при бродоломот се удавиле неколку стотици лица.

Потрагата по преживеани, во кој се вклучени бродови на италијанската Крајбрежна стража, еден ирски воен брод и еден брод на организацијата „Лекари без граници“, продолжува.

Бродот утрово испловил од Либија, но по изминати само 15-тина наутички милји, испратил повик за помош, на што одговорила италијанската крајбрежна стража од базите на Сицилија.

Според медиумите, кога до бродот се доближил првиот спасувчки чамец, поголемиот број од имигрантите се префрлила на едната негова страна, по што тој се превртел.

Претставник на италијанската Крајбрежна стража изјави дека бродовите што ги превезуваат спасените имигранти се толку преоптоварни „што е доволно само еден дел од патниците да станат и тие да се превртат“.

Портпаролот на Канцеларијата на УНХЦР во Италија, Федерико Фоси, соопшти дека постои стравување оти еден дел од имигрантите биле во подпалубниот простор на бродот и таму останале заглавени по неговото превртување.

Од почетокот на годинава во обид да стигнат до Европа во водите на Средоземното Море се удавија над 2.000 имигранти.

 

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …