среда , 18 октомври 2017
meksiko

Повеќе од 90 лица загинаа во земјотресот во Мексико

Земјотресот, најсилен што го погодил Мексико во последните 100 години, се почувствува и во главниот град, каде што жителите излегоа на улица стравувајќи од рушење на зградите.

Повеќе од 90 лица загинаа во силниот земјотрес што го погоди југот на Мексико, рано изутринава објавија официјалните лица за новиот биланс на жртвите.

„Бројот на загинатите надмина над 90, од нив 71 во државата Оаксака, 15 во државата Чиапас и четири во државата Табаско“, се вели во соопштението.

Епицентарот на земјотрес со јачина од 8,2 е недалеку од мексиканската и гватемалската граница, на длабочина од 35 километри.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …