петок , 22 септември 2017
ssnm-maj-1200x545_c

Повелба за солидарност: Синдикатите се против вицепремиер од бизнис заедницата

Тринаесет синдикати, синдикални здруженија и социјални движења му упатија отворено писмо до мандатарот Зоран Заев во кое тие истакнуваат дека се против на вицепремиерското место да биде личност  од бизнис заедницата.

-Сите влади кои ги имала независна Македонија биле на страната на бизнисот. Но, ваквата про-бизнис ориентација беше особено изразена за време на изминатите 11 години. Не случајно главната перјаница на владеењето на Никола Груевски беше искачувањето на Македонија на Дуинг Бизнис листата и тоа што таа го достигна 10-тото место во светот. Заради таквиот систем во времето на Никола Груевски Македонија станавме рекордери во Европа по сиромаштија, социјална раслоеност и смртност на работници, а стапките на економски раст беа пониски отколку за времето на претходните две влади, се вели во писмото.

Синдикалните претставници укажуваат дека Владата и бизнис заедницата имаат различни интереси, кои понекогаш и се преклопуваат, ама во поголем дел од времето се спротивни едни на други. Поради тоа, според нив владата и бизнис заедницата треба да бидат одвоени, налик на државата и црквата.

-Меѓу нив треба да постои соработка, ама таа соработка е на ниво на трипартитен дијалог канализиран преку Економско-социјалниот совет, во кој, покрај владата и бизнис секторот, се вклучени и синдикатите, се вели во писмото од 13 синдикати и движења.

Потписници на Повелбата за солидарност во поддршка на оваа иницијатива се:

Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС)

Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ)

Самостоен синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ)

Левичарско движење СОЛИДАРНОСТ

Движење за социјална правда ЛЕНКА

Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ)

Мултиетнички синдикат на образование (МЕСО)

Конфедерација на синдикалните организации на Македонија (КСОМ)

Независен академски синдикат (НАкС)

Младинска организација МУГРА

АГРО Синдикат

Тивкото мнозинство ГЛАСНО (Штип)

Достоинствен работник (Прилеп)

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …