петок , 22 септември 2017
srebrenica

Повик до Србија да го признае геноцидот во Сребреница

Експерти од Советот на Европа ја повикаа Србија официјално да ги признае убиствата во босанскиот град Сребреница како геноцид, во извештај во кој се изразува загриженост и поради употребата на јазикот на омразата од страна на расистички групации и фудбалските навивачи.

– Српските политички власти треба официјално да признаат дека масакрот во Сребреница е геноцид – се вели во соопштението на претседателот на Европската комисија против расизмот и нетолерантноста на СЕ, Кристијан Ахлунд.
Комисијата нагласува дека парламентот и претседателот на Србија се извиниле официјално за масакрот во Сребреница, но никој од нив не призна дека тој претставува геноцид, како што сторија меѓународните судови.

Српскиот претседател Томислав Николиќ, преку националната телевизија во Босна и Херцеговина, се извини за масакрот во април 2013 година.
Од крајот на војната во БиХ (1992-1995), Србија одбива да признае дека убиството на над осум илјади мажи и момчиња во Сребреница во јули 1995 година е геноцид, како што тоа го стори меѓународното правосудство, пренесе МИА.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …