вторник , 27 јуни 2017
pres-sjo

Повторно одбиено барањето на СЈО за замрзнување имот во случајот „Талир“

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 – Скопје повторно го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство да се замрзне имот на субјекти инволвирани во случајот „Талир“.

– Постапувајќи по несогласноста на судијата на претходна постапка, во врска со барањето за привремено одземање на имот поднесено од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), на нејавна седница одржана на 27-ти овој месец согласно чл.202 ст.3 од ЗКП донесоа решение со кое се уважува несогласноста на судијата на претходна постапка, при што од страна на судот не е определена предложената привремена мерка Забрана на оттуѓување на недвижен имот со ставање на хипотека, се наведува во денешното соопштение од скопскиот Кривичен суд.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …