недела , 22 октомври 2017
sadpozarnikar-540x320

ПОЖАР БЕСНЕЕШЕ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ – ИЗГОРЕА ПЕЧАТНИЦА, БУТИК, ПИЦЕРИЈА, ТОБАКО

Печатницата „Цвај Дизајн“ од Свети Николе вчера изутрина целосно изгорела во пожар. Опожарен е и инвентарот во Домот на културата „Крсте Мисирков“, каде била сместена, билетарата, помошните простории, а со пожарот биле зафатени и неколку други дуќани и закупци, соопшти полицијата.

Во 5:00 часот вчера во Свети Николе на ул. „Плоштад Илинден“, од засега непознати причини настанал пожар во печатница „Цвај Дизајн“ лоцирана во Домот на културата „Крсте Мисирков“. Печатницата целосно изгорела, опожарен е инвентарот во холот на Домот, билетарата, помошните простории, а биле зафатени и простории на трговски друштва – закупци (пицерија „Леа“, кафе бар „Плаза“, бутик „Ива“, тобако „Куба“ и канцеларија на извиднички одред „Гоце Делчев“), се наведува во полицискиот билтен.

Пожарот е локализиран од екипа на противпожарната единица во Свети Николе. Причинетата материјална штета дополнително ќе биде утврдена.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …