вторник , 26 септември 2017
12115977_10207882571927307_5206819870940104975_n-15526-685x320

Познат идентитетот на ограбувачот на Стопанска банка

12115977_10207882571927307_5206819870940104975_n-15526-685x320Полицијата го фати ограбувачот кој денеска се обиде да ја ограби филијалата на Стопанска банка во населбата Ѓорче Петров.

Сторителот на кривичното дело е 43-годишниот Александар М. од Скопје.

Тој добил повреда при престрелката со полицијата и со Брза Помош е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, а се наоѓа надвор од животна опасност.

Ограбувачот го обезбедуваат полициски службеници.

Вработена во банката пријавила во полиција дека ограбувачот влегол и ја ограбил филијалата.

Полицајците веднаш излегле на терен и со своите возила го пресретнале ограбувачот кој почнал да пука во нив. Полицијата возвратила на пукањето при што ограбувачот бил погоден и веднаш испратен на скопските Клиники.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …