вторник , 25 јули 2017
sobraniekamera

Пратениците го одбија и вториот предлог за законски измени по брза постапка

Собранието го одби предлогот на опозицијата и за измените по брза постапка во Законот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кои ВМРО-ДПМНЕ ги бара за со цел веднаш да се укине радиодифузната такса.

Причините за измени по брза постапка, како што најави пратеникот Антонио Милошоски, се за да може навреме да се планира најавениот ребаланс на буџетот, како и спроведување на реформи во МРТВ.

Претходно, беше одбиен и прелогот за измени по брза постапка во Законот за јавно обвинителство со кој ВМРО-ДПМНЕ бараше јавниот обвинител да го предлата опозцијата и тој да се избира со двотретинско мнозинство.

Укинувањето на радиодифузната такса беше изборно ветување кое го даде СДСМ, но како што беше посочувано тоа ќе се случи откако ќе се обезбеди стабилно финансирање на јавниот сервис.

Слични написи

image-0-02-05-24287f281545733e143196a6dc667acc32ba038649d55d7ed1db03937039a43d-V

Едночасовен застој кај Удово, возилата пренасочени кон Јосифово

Околу еден час има застој на патот Удово-Марвинци. Големата колона на возила од Удово се …