недела , 22 октомври 2017
sobranie

Пратениците се пазарат за поддршката

Собранието на Македонија ја почна и ја прекина веднаш 12. седница поради барањето на пратеникот Антониjо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ да се договорат пратениците од парламентарното мнозинство за кој од двата закона поднесени од опозицијата ќе дадат поддршка.

Во процедурална забелешка Милошоски рече дека како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат законите за стечајните работници, за зголемувањето на минималната плата и за укинувањето на радиодифузната такса, а за возврат бараат да биде поддржан барем еден од двата закона што ги поднесуваат тие.

По паузата координаторот на СДСМ, Томислав Тунтев, соопшти дека парламентарното мнозинство нема да поддржи ниту еден од двата предлог закони на опозицијата, односно  предлог законите за покачување на платата на јавната администрација за 5 отсто  и  за издавање ваучери за компјутери на студентите од износ од 300 евра.

На дневен ред на денешната седница се законите за зголемување на минималната плата, за решавање на статусот на стечајните работници и за укинувањето на радиодифузната такса, поднесени од парламентарното мнозинство.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …