вторник , 24 октомври 2017
predizborna

Предизборна мисија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа во Македонија

Делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), составена од шест члена, а предводена од Стефан Шенах (Австрија), ќе спроведе предизборна посета на Македонија на 21 и 22 ноември за да направи проценка на предизборната кампања и политичка клима пред парламентарните избори закажани за 11 декември, 2016 година, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Делегацијата на ПССЕ, според соопштението издадено од Стразбур, се очекува да се сретне со претседателот на Собранието на Република Македонија и министерот за внатрешни работи. Разговорите, исто така, се предвидени со претставници на политички партии кои учествуваат на изборите, претседателот и членовите на Државната изборна комисија, на специјалното обвинителство, како и членови на дипломатскиот кор и претставници на меѓународни организации, граѓанското општество и медиумите.

ПССЕ изборите на 11 декември ќе ги следи со делегација од 25 члена, по што ќе биде изработен извештај кој ќе биде претставен на отворањето на парламанетарната  сесија  во јануари 2017 година.

Членовите на предизборната делегација на ПССЕ, ги застапуваат сите политички групи на паневропската асамблеја. Покрај шефот  Стефан Шенах (Австрија), се наоѓаат уште и Егидијус Вареикис (Литванија), Кристина де Пјетро (Италија,) Суат Онал (Турција,) Матјаж Ханзек (Словенија) и Валериу Гилечи (Молдавија) инаку известувач на ПССЕ за пост-мониторинг дијалогот со Република Македонија.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …