среда , 23 август 2017
Marko-Zvrlevski

Предлогот на Владата за разрешување на Зврлевски стигна во Собрание

Владата го испрати до Законодавниот дом предлогот за разрешување на државниот обвинител Марко Зврлевски. Предлогот е потпишан од генералниот секретар Драги Рашковски, откако на петтата седница Владата одлучи дека Зврлевски не може да си ја врши својата работа.

Советот на јавни обвинители минатата недела со осум од девет гласови го прифати владиниот предлог за разрешување на Зврлевски. Против беше единствено претседателот на Советот, Петар Аневски според кого, Зврлевски е перфектен јавен обвинител.

Се очекува Собранието да закаже седница на која ќе се разгледува предлогот разрешување на државниот јавен обвинител. Според Законот, Зврлевски има право да присуствува на седницата на која пратениците ќе расправаат за разрешувањето и да се произнесе по овој предлог.

Слични написи

sugareski

Сугарески : Преку ЕУ обезбедени се пари за изградба на експресниот пат делница Дреново-Градско

Со средства од ИПА, во рамки на Секторската оперативна програма за транспорт 2014-2020 обезбедени се …