вторник , 26 септември 2017
Stop-policija

Прегазено дете во Велес

Stop-policija
Седумгодишно дете е прегазено денеска попладне на улица „Ангел Мишев“ во Велес.

Како што соопшти Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, моторцикл марка „Линдгбен“ без регистерски ознаки, управуван од 18 годишен велешанец ,удрил во седум годишно дете кое ја преминувало улицата.

По несреќата пешакот со возило на Итната медицинска помош е пренесено во велешката Општа болница.

Според информацијата од болница детето е вон животна опасност.

-Детето има нагмечување на главата и градниот кош. За секој случај е оставено на хирушкото одделение 24 часа на опсервација, информираат од болницата.

По овластување на јавен обвинител увид на лице место извршила екипа на СВР Велес.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …