недела , 22 октомври 2017
DSC_3785

Премиерот Заев прими делегација на здружението „Бранител 2001“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик претседател на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска со сретна со претседателот на Здружението на воени инвалиди „Бранител 2001“, Костадин Стојановски кој беше придружуван од потпретседателите на здружението.

На средбата се разговараше за досегашната државна помош за семејствата на воените инвалиди и за можностите за продолжување на оваа поддршка.

Претставниците на здружението на воени инвалиди ги презентираа своите барања и препораки и посочија на долгогодишни проблеми со кои се соочуваат, а се поврзани со притисоци, неажурност на институциите во извршувањето на законските обврски и за долгогодишните нерешени станбени прашања за воените инвалиди припадници на МВР.

Во исто време, од „Бранител 2001“ пренесоа и позитивни искуства во последните неколку месеци за отворањето на институтициите како сервис за решавање на нивните проблеми и во таа насока особено ја поздравија работата на Министерството за труд и социјална политика.

Во име на Владата на Република Македонија, премиерот Заев и министерот Спасовски изразија силна поддршка за воените инвалиди и нивните семејства, и во таа насока рекоа дека нивните барања и предлози ќе бидат сериозно разгледани и ќе бидат изнајдени решенија согласно законските прописи.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …